7 Мај, Ден на полицијата

Во Битола одбележан Денот на македонската полиција, честитки од Заев и Спасовски

СВР Битола заедно со институциите и организациите со кои традиционално соработува, свечено го одбележаа 7 Мај, Денот на македонската полиција.

Учесниците на денешната свеченост беа потсетени на историјатот и поводот за востановување на овој празник на македонската полиција кој се врзува со Смилевскиот Конгрес од 1903 година и тогашните селски чети кои во Смилево го обезбедувале одржувањето на конгресот на кој била донесена одлуката за кревање на Илинденското востание.

Според востановената традиција, делегации на СВР Битола и институциите со кои соработува положија цвеќе пред спомениците на загинатите припадници на полициски сили во дворот на СВР Битола и споменикот „Ангел“. За најмладите битолчани беше овозможена посета на возниот парк на полицијата и разгледување на дел од полициската опрема, а активностите завршија со донација во ЈУ Дом за доенчиња и мали деца во Битола.

По повод 7 Мај, Денот на македонската полиција, министерот Оливер Спасовски се обрати со видео порака до припадниците на Министерството за внатрешни работи.

„Пред две години мојата цел како министер беше да го вратам угледот на министерството и да им овозможам на вработените чесно и одговорно да ги извршуваат своите работни задачи. Изминативе две години како министер во Владата на Република Северна Македонија се залагав за решавање на сите наталожени проблеми со кои вие се соочувавте во годините претходно“, рече Спасовски.

Заедно со припадниците на МВР, истакна министерот, се надминале дел од проблемите и со тоа се отвориле нови можности за постигнување уште поголеми резултати во периодот кој следи.

„Горд сум што и покрај сите негативни случувања во минатото, во ова министерство работат професионалци кои непоколебливо се борат против криминалот и корупцијата, против тероризмот, се грижат за јавниот ред и мир и секојдневните потреби на граѓаните.

Во декември 2018 година се исплатни покачените плати за 4.900 полициски службеници, за кои на годишно ниво се одвоени 79 милиони денари.

И во периодот пред нас продолжуваме со подобрување на условите за работа, продолжуваме со реновирањето на полициските станици. Набавката на униформи да стане редовна активност, а не исклучок. Специјализираните оддели да бидат опременувани со модерна опрема со која ќе можат подобро да ги извршуваат своите работни задачи. Да не заборавиме наш партнер се и граѓаните. Сакаме да бидеме близу до нив, да превенираме и да ја зголемиме безбедноста на граѓаните и затоа ја воведовме позорникарската служба. Полицајците позорникари ја зголемуваат безбедноста во населените места, ја зајакнуваат борбата против криминалните појави, а со ова ја зголемуваме и довербата во полицијата“.

Во следниов период, вели министерот, ќе се работи и на системско решавање на функционалните проблеми и ќе се зајакне институционалниот и административен капацитет на министерството. И во иднина, приоритет останува заштитата на безбедноста и сигурноста на државата и граѓаните.

Претседателот на Владата Зоран Заев денеска упати честитка по повод Денот на полицијата – 7 мај, посочувајќи дека и денеска за време на посетата на pапата Францискo на нашата земја полицијата покажува висока професионалност и целосна посветеност.

„И денеска, за време на посетата на папата Франциско на нашата земја, полицијата покажува подготвеност, целосна посветеност и високата професионалност на сите припадници на Министерството за внатрешни работи. Нашите полициски службеници на највисоко ниво ја организираат безбедноста и сигурноста на сите граѓани на Северна Македонија, како и на високите гости кои доаѓаат во посета“, пишува премиерот Заев на својот фејсбук-профил.

Полициските службеници од Отсекот за превенција при Полициската станица –Штип денеска Денот на полицијата го одбележаа заедно со учениците од средното државно училиште за специјално образование и воспитание (ДСУ)„Искра“.

Полициските службеници и средношколците со посебни потреби од училиштето „Искра“ заеднички играа пинг-понг, пикадо и кошарка. Началникот на отсекот за превенција во Полициска станица-Штип, Ангелчо Стојановски вели дека целта на денешните заеднички спортски игри е учениците од училиштето „Искра“ поблиску да се запознаат со полициските службеници и да ги вклучат во сите кампањи, кои ги имаат и во останатите училиште во Штип.

„Ова е се со цел децата да не спознаат нас полицијата, како нивни заштитници, да не се плашат од нашите колеги и кога ќе имаат некои безбедносни проблеми слободно да им пријдат на нашите службеници и да им ги пријават. Значи заеднички да ги решаваме и превенираме проблемите“, вели Стојановски.

Наставниот кадар во средното специјално училиште „Искра“ се задоволни што денеска учениците добија големо внимание од страна на полициските службеници преку спортските игри и дружењето. 

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе