Во Атина уапсен пратеникот на Златна зора кој повика на воен удар

Пратеникот на Златна зора Константинос Барбарусис кој повика на воен удар од говорницата во грчкиот Парламент е уапсен утринава во Атина, во домот не негов пријател, објави Катимерини.

Барбарусис беше во бегство уште од петокот, кога успеа со автомобил да ѝ избега на полицијата. Тој е уапсен по поднесената тужба од министерот за одбрана Панос Каменос и алтернативниот министер за одбрана, Фотис Кувелис, врз основа на која грчкото обвинителство покрена обвинение.

Бабарусис е исклучен од партијата Златна зора откако во петокот за време на дебатата за гласање недоверба на владата на Алексис Ципрас заради договорот за решавање на прашањето за името, ја повика армијата да го уапси премиерот Ципрас, неговиот коалициски партнер Каменос и грчкиот претседател Прокопис Павлопулос со цел да се спречи, како што рече, „предавството“ со договорот за името. Тоа беше доволна причина за претседателот на грчкиот Парламент да ја отстрани десничараската Златна зора од натамошната дискусија за недоверба на владата и да ја обвини партијата за поттикнување насилство.

 

 

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе