Во Атина ќе се постави споменик од 3,5 метри на Александар Велики

Грчкиот весник Катимерини пренесува дека во Атина наскоро во центарот на градот ќе биде поставен споменик на Александар Велики, висок 3,5 метри. Споменикот е дело на еден од најпознатите грчки скулптори, Јанис Папас.

Досега, споменик на Александар Велики во Грција има само во Солун, а најголемиот споменик на еден од најголемите војсководци во историјата поставен е во центарот на Скопје.

Неодамна по грчките медиуми се објави информацијата дека министерката за култура на Грција побарала замена на споменикот „Тркачот“ во Атина со оној на Александар Велики во Скопје. И во Македонија и во Грција оваа идеја не наиде на позитивен прием.

Со Договорот од Преспа се регулира и прашањето за спомениците во Скопје. Македонската страна прифати на дел од нив да се стави натпис со објаснување дека спомениците се однесуваат на периодот и на личностите од грчката култура во античкиот период.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе