Во Армијата ќе се забрани застапување или претставување на политичка партија

Воениот и цивилниот персонал на служба во Армијата не смее да раководи, да ја застапува и претставува која било политичка партија и да биде член на органи на партија утврдени со нејзиниот статут, предвидуваат измените и дополнувањата на Законот за служба кој помина на Влада и наскоро треба да се најде пред пратениците.

Целта на овој закон, како што вели министерката за одбрана Радмила Шекеринска, е да не се доведе во прашање професионалноста, непристрасноста и законитоста во вршење на работите во Армијата и во Министерството за одбрана од страна на воениот и цивилниот персонал. 

Дополнувањето на законот е по пример на решението во Законот за внатрешни работи, а измените во законот предвидуваат и вонредно унапредување на воените старешини распоредени во Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата кои претходно немале таква можност бидејќи Законот не предвидувал постапка за вонредно унапредување.

Офицери кои не ги исполнуваат целосно условите за пензија 55 години старост и 40 години стаж со измените во законот ќе можат да одат во пензија.

„Ако има некој на пример над 55 години, а има 38 години стаж и има интерес од нивна страна да заминат во пензија и од наша заради новата формација, сега ќе можат и тие да одат во пензија со 80 проценти од 10-те најдобри години со плата, нешто што ПИОМ не го дозволуваше бидејќи не го исполнуваа едниот од условите. Доколку им фали некоја година стаж, основицата за пензиско им се намалува за 0,5 отсто“, објаснува Шекеринска.

Со првите измени од Законот за служба во 2020 година, меѓу другите придобивки, секој припадник на Армијата месечно добива надоместок од околу 8.000 денари за станарина, а по зголемувањето на платите на воените лица, зголемување од 16 проценти добија и цивилните лица во Армијата. Минатата година беа воведени и условите за пензионирање каде се зголеми и износот на пензијата односно се пресметува 80 проценти од најдобрите десет години со плата.

 

 

 

 

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе