Во Антикорупциската комисија нема пријави за вработувања во текот на изборниот процес

За предвремените парламентарни избори кои се одржаа оваа година до Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) нема пријави за вработување за време на изборниот процес, информираше денеска Катица Николовска од ДКСК на прес-конференција за Посебниот извештај за утврдените злоупотреби во финансирањето на изборната кампања за предвремените парламентарни избори.

„Искуството од минатите избори кога имаше огромен број пријави за вработување во текот на изборниот процес за итни и неодложни работи не натера да размислуваме за дефинирање што значат тие ‘итни и неодложни работи‘ во самиот Изборен законик и можам да кажам дека благодарение на тоа оваа година немаше такви пријави“, рече Николовска.

Таа информираше дека за овие избори постапувале по 32 поднесоци за повреда и непочитување на член 8А и 8Б од Изборниот законик и член 34 од Законот за спречување корупција. Пет од нив биле поднесени од организаторите на изборната кампања, шест од поднесоците доставени како приговори членовите на ДКСК ги класифицирале како пријави, бидејќи не биле поднесени од организатор на избори и 21 пријава биле поднесени од физички лица.

„По однос на петте приговори, за три приговори се отфрлени наводите, бидејќи сметавме дека се неосновани. За една од трите одлуки подносителот достави тужба од Управен суд и истата беше отфрлена како неоснована. Две одлуки ги прифативме како основани, меѓутоа доставена е една иницијатива до Владата за утврдување одговорност на избрано лица за повреда на член 8А за користење  службено возило за изборни цели, а за другата одлука, исто така беше доставена жалба до Управен суд за што Управниот суд ја одби нашата одлука“, истакна Николовска.

Во однос на изборот на Ректор на УКИМ во време на изборниот процес антикорупционерите ја затвориле постапката која ја иницирале сами, но приговорот го преформулирале како пријава и таа постапка не е завршена и сѐ уште е во тек.

Од Пријавите од физички лица, Николовска соопшти дека седум одлуки се донесени за запирање на постапката за непотврдени наводи, 11 одлуки се однесуваат за запирање на постапка поради непостоење елементи за натамошно постапување, шест одлуки се донесени за отфлање на пријавите, две за доставување пријави за надлежно постапување на други органи и една одлука е потврдена за што е изречена соодветна мерка.

Во однос на финансиските извештаи, Николовска рече дека во одредбите за овие избори се воведени дополнителни известувања за учесниците во изборната кампања со што оваа година за разлика од минатите избори треба да достават четири извештаи, два за времени извештаи за примени донациии, еден за трошоци и приходи од 20 дена по завршувањето на изборната кампања и еден вкупен кој се доставува во рок од 30 дена по затворањето на трансакциските сметки за што сѐ уште партиите имаат рок, а тој е до 25 октомври оваа година.

„Од анализата на податоците доставени до ДКСК кои произлегуваат од донации има интерсени ситуации.Оваа година се направи измена во Изборниот заканок каде се зголемија изворите за финасирање на изборната кампања. До минатите избори како извори можеа да бидат донации од правни и физички лица или кредити кои ги земаат политичките партии. За овие извбори изворите беа проширени, односно од чланарината од донации но и од средства од редовната средства на политичките партии“, истакна Николовска.

Таа појасни дека со оваа измена е настаната неусогласеност, при што партиите си ги користеле средствата од редовната сметка во која истите донатори можат да донираат повеќе за разлика од сметката за изборниот процес каде лимитираниот износ е многу помал.

Членовите на ДКСК од добиените извешти забележале партии кои од редовната си префрлале средства на изборната сметка и ги користеле за финасирање на кампањата.

„Ги воочивме кои се тие учесници и партиите и доставивме барање-известување до Државниот завод за ревизија да ги земе предвид кога ќе ги работи ревизиите на финансиските извештаи кај политичките партии и да не извести, бидејќи по добиените такви известување ние сме должни доколку постои основано сомневање да покренеме инцијатива пред суд“, рече Николовска.

До сега финансиски извештаи до антикорупциската Комисија доставиле партиите Демократи, Левица, Интегра, СДУ и Единствена Македонија.

Дали и Грција треба да престане да ја смета бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна како вистинска окупација?, прашува поранешниот грчки министер за надворешни работи – потписник на Преспанскиот договор со Македонија, во колумна за Балканеу. Колумната ја пренесуваме во целост и со автентичните фрази.

повеќе

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе