Тирана

Во Албанија Македонците добија поддршка од албанска партија за загарантирани места во Парламентот за малцинствата

Македонската партија за европска интеграција, МАЕИ, благодарение на нејзиниот лидер ја доби првата подршка од албанска партија за загарантирани пратенички места за малцинствата во албанскиот Парламент.

Барањето на Македонците и другите малцинства е во новиот изборен законик да има загарантрани пратенички места за малцинствата, како што тоа е пример со повеќе европски земји.

Првата подршка доаѓа од партијата „Ново движење“ чиј лидер е Ариан Галдини, во чија организација синоќа се одржа трибина на тема „Изборната реформа и нашите ставови и предлози“.

 На трибината учествуваа професори, пратеници, претседатели на партии,кои разменија мислења за Изборниот законик, а дадоа и конкретни предлози.

Меѓудругото, учесниците на оваа трибина побараа промена на изборниот модел како и електронско гласање и броење со цел да се гаранира секој глас.

„Како претседател на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интегација и пратеник во албанското Собрание од партијата, го поддржувам барањето за промена на изборниот модел и електронското гласање и броење. Во име на сите малцинства ќе поднесам предлог – закон во албанското Собрание со кој ќе се бара загарантирани пратенички места за малцинствата во албанското Собрание“, рече меѓудругото Стерјовски на средбата.

Лидерот на партијата „Ново движење“, Галдини истакна дека како партија го поддржуваат предлогот на Стерјовски за загарантирани пратенички места за малцинствата во албанско Собрание.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе