МНР

Во 2022 најголем буџет за дипломатијата

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска го претстави Буџетот на Министерството за надворешни работи за 2022 година кој воедно преставува историски најголемиот буџет на МНР, со кој не само што се прекинува праксата за намалување на средствата наменети за дипломатијата, туку има зголемувањето од 28% во однос на 2021 година што претставува сериозен потенцијал за обновување на сите функции на дипломатијата, соопшти МНР.

„Отсекогаш надворешната политика била притисната меѓу потребата за силна, современа и професионална дипломатија од една страна, и економската состојба и со тоа буџетските приоритети на државата од друга страна. Буџетот на МНР за 2022 година е предвиден на 1,65 милијарди денари или околу 27 милиони евра што преставува зголемување од нешто над 360 милиони денари, или околу шест милиони евра“, истакна Османи.

Министерот рече дека овие средства ќе бидат наменети за издатоците поврзани со пополнување на сите испразнети амбасадорски места, доекипирање на амбасадите и конзулатите со дополнителен дипломатски кадар, а во овие средства се влезени и издатоците за економските советници во амбасадите, но и зајакнување на кадарот за комуникација со дијаспората.

Покрај редовната дипломатска активност, во следната 2022 година Македонија ги почнува и обврските поврзани со претседавањето со ОБСЕ во 2023 година, процес кој суштински трае три години. За оваа намена во буџетот за 2022 година предвидени се околу 110 милиони денари, или 1,8 милиони евра. Догодина во мисијата во Виена ќе се упатат најмалку 15 лица кои ќе работат на нашата улога во рамките на претседавачкото трио, но и ќе се подготват за финалното преземање на претседателството со ОБСЕ во 2023 година, се вели во соопштението на МНР.

Во зголемувањето на буџетот влегува и преземената обврска согласно одлуката на Владата која одобри повеќегодишните буџетски средства во висина до пет милиони евра, за реализација на активности на повеќе дипломатски и конзуларни имоти. Се работи за имотите во: Цирих, Атина, Канбера, Будимпешта, Бразилија и Анкара, токму онаму каде што е утврдено дека поради неопходната потреба од реконструкции, реновирања и потребни адаптации, веќе подолго време нашите имоти не се користат за потребите на дипломатско конзуларната мрежа. Реализацијата на овие капитални инвестиции понатаму ќе обезбеди заштеди на годишните трошоци кои сега се одвојуваат за наемнини и други редовни трошоци.

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе