РЕАКЦИЈА

ВМРО НП: Нетранспарентни се тендерите, факултетите во УКИМ се градат за 20, а кај нас имаме понуда од 13 милиони евра

ВМРО-Народна партија активно ја следи политиката на Владата на Република Македонија во поглед на јавните тендери и набавки. За жал, и покрај многубројните критики што оваа влада ги претрпе, таа ништо не направи од своја страна за поголема транспарентност, но и поголема заштеда на буџетските средства, стои во соопштението-реакција на ВМРО-НП.

Во тој контекст, од партијата наведуваат два примера. Велат дека Министерството за одбрана пред еден месец распиша тендер за изградба на станбена зграда за потребите на офицерскиот кадар. Потоа истиот тендер го повлече, за да деновиве повторно го објави со единствена измена, со дополнителен услов фирмите кој ќе се јават на тендерот, да имаат едногодишен обрт на средства од 5 милиони евра.

„Сакаме да прашаме, колку фирми во Република Македонија можат да се пофалат со толку голем обрт на средства? Зошто има потреба од толку висок финансиски праг за учество на тендерите? Зарем не е доволно градежните фирми да ги имаат потребните лиценци и да имаат позитивен биланс за минатата година, што како критериуми ги има утврдено токму оваа Влада? Со вакви дискриминаторски услови прашуваме, која успешна фирма што не остварила обрт од 5 милиони евра ќе може да се развива и со нови вработувања да ја проширува својата дејност, а е вештачки спречена да учествува на поголеми тендери. Дали повторно ќе го гледаме циркусот кој го видовме при тендерот од Министерството за образование (МОН) за изградба на двата факултети, кога имавме парадоксална ситуација во однос на улогата на тедерот, фирмите учеснички наместо да ја намалат вредноста на тендерот, се натпреваруваа која повеќе ќе ја покачи вредноста на понудата“, реагираат од ВМРО-НП.

Исто така, соопштуваат неколку дена бил потпишан договор за изградба на двата факултети во вредност од 20 милиони евра. ВМРО-НП сега јавно му соопштува на МОН, дека ја имаат кај нив понудата од фирма, која, како што велат, е подготвена да го потпише истиот договор за сума од 13 милиони евра.

„Значи, со комплетно истиот договор, Министерството има прилика да заштеди 7 милиони евра од буџетот и со заштедените средства да изгради уште 3 станбени згради плус договорената од горе споменатиот тендер, во касарната Илинден за потребите на офицерите. ВМРО-Народна партија жали што Владата на Р.Македонија и натаму продолжува со ваквиот нетранспарентен начин со објавување на тендерите“, велат од ВМРО-НП.

Инаку, оваа партија претходно тврдеше дека МОН нетранспарентно и незаконски ја спровело тендерска постапка при избор на изведувач за изградба на објекти во кои ќе бидат сместени Факултетот за информатика и Факултетот за физичка култура при УКИМ. Односно, фирмата што понудила најдобри услови и најниска цена, незаконски била предвреме елиминирана со образложение кое целосно е спротивно со одредбите од Законот за јавни набавки. Според ВМРО-НП, сето ова е направено со цел да се спречи учеството на лицитацијата и заради најповолно понудени услови да не го попречи изборот на однапред утврдениот победник на тендерот.

„ВМРО-Народна партија е зачудена што ваквата нетранспарентна пракса при спроведувањето на тендерските постапки продолжува од страна на владеачката структура, кога се знае дека во изминатиов период реакциите од јавноста и од меѓународната заедница беа жестоко критички насочени токму за нетранспарентно спроведување на тендерите. Исто така, беше посочено дека пристрасното одлучување е жариште кое отвора простор за понатамошни коруптивни дејствија, со кое се загрозува правниот систем во државата, соопшти ВМРО-Народна партија кон крајот на август.

Тендерот го доби „Бетон Штип“, а идејното решение на двата факултети е на Жарко Чаушевски, автор кој за потребите на владата изработи голем број „барокни“ решенија за проектот „Скопје 2014“.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе