ВМРО-НП го прифати францускиот предлог: Со ништо не се загрозува македонскиот јазик и идентитет

ВМРО-Народна партија ја анализираше најновата и изменета верзија на „францускиот предлог“, и оценува дека во него нема ништо што го загрозува македонскиот јазик и идентитет, соопштија денеска од партијата.

„Секој договор е своевиден компромис но факт е дека бугарската страна има повеќе отстапено од нејзината последна позиција, т.н. рамковна позиција со која Македонија требаше самата да прифати и објави дека македонскиот јазик и нација се настанати од 1945 година.

Затоа ВМРО-Народна партија го прифаќа и смета дека не смееме да го испуштиме овој најнов предлог со кој се отвораат македонските евроинтеграции, пишува во партиското соопштение.

ВМРО-Народна партија исто така, ги повикува сите критичари на „францускиот предлог“ да не го прават тоа, како што вели, со кампањско отфрлање на целиот предлог туку да ја конкретизираат својата критика, кој член или кој став од предлогот сметаат дека го нарушува македонскиот идентитет.

Доколку отсуствува таквата критика, додаваат, ќе сметаат дека кампањски пристапуваат кон текстот, а немаат никаква суштинска забелешка.

ВМРО-Народна партија го коментира и однесувањето на поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров кој директно учествуваше во потпишувањето на договорот со соседна Бугарија и „состави недоречен договор кој до ден денеска прави проблеми“.

„Исто така комплетно го преспа периодот пред донесувањето на ‘рамковната позиција‘ во бугарскиот парламент, а само една негова посета на соседна Софија ќе беше доволна таа рамковна позиција да не биде воопшто ни усвоена.

Затоа сметаме дека во овој момент имаме најмалку потреба од квазипатриотско однесување туку имаме потреба од државнички однос на сите оние кои се повикани да бидат одговорни за иднината на македонската држава“, велат од ВМРО-НП.

 

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе