ВМРО-ДПМНЕ: Зошто да не се повтори судењето за „27 април“ како што се повтори и „Монструм“

„Очајот и нервозата во СДСМ се очигледни. Граѓаните се погласно говорат за дебаклот на оваа власт на секое поле, вклучително и правната држава. На виделина излегуваат се повеќе докази дека во Македонија се води хајка против неистомислениците на Заев по принципот трас-трас пресуди, во кои власта на Заев те тужи, власта на Заев те суди“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. 

„Хистеријата која Заев сака да ја предизвика е поради стравот дека во едно повторено судење за случајот со „27 април“ може да излезат нови докази кои ќе фрлат нова светлина и нова вистина, а таа нова вистина е дека осудените сигурно не се терористи. Дополнително што за овој случај се појави и аудио материјал кој покажува дека главниот сведок на обвинителството е сериозно компромитиран. На крајот на краиштата кога можеше да се повтори судењето за случајот Монструм во кој свирепо беа убиени 5 лица, зошто да не се повтори и судењето на овој случај. Власта на Заев е длабоко загазена во криминал. Токму власта на Заев е закрилник на криминалот и светски мафијашки босови на кои им давала официјални македонски пасоши со украден идентитет. Токму власта на Заев шурува со нарко картели кои добиваат поддршка и помош од високи полициски функционери именувани од оваа власт. Затоа оваа криминогена група предводена од Заев од петни жили се обидува да ја спречи правдата и мора со нови манипулации да се спаси од одговорност. Но одговорност ќе има и правдата ќе излезе на виделина", се вели во соопштението што денеска го испратија од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Како и главниот лик во романот, Доне Совичанов, и Ташко Георгиевски никогаш не потклекна и не побара пусулче од Канцеларијата на нашиот јужен сосед во Скопје за да ја премине границата и да го посети своето родно село во Егејска Македонија.

повеќе

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе