ВМРО-ДПМНЕ: Заевизмот донесе 2 века казна за луѓе, чиј единствен грев е што се спротиставиле на Заев

Заевизмот на Република Македонија и граѓаните им донесе губење на националното достоинство, сиромаштија и криминал на дневна основа. Црнилата на криминалниот картел на СДСМ направија хаос во државата, создадоа поделби, а животот на граѓаните од ден на ден го направија се потежок, велат од партијата ВМРО-ДПМНЕ.

„Власта која ветуваше правда за секого, во реалноста донесе неправда. Недолжни граѓани станаа жртви на политички прогон само затоа што не се согласуваат со политиките на Зоран Заев. Заевизмот ги зароби институците и  донесе 2 века казна за луѓе кои не направиле ништо лошо и чиј единствен грев е што се спротиставиле на Заев, додека луѓе кои се бореа за ИСИС и масакрирале стотици  добија само 6 години затвор, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив лагите и понижувањата на СДСМ и Заев допреле до секој еден граѓанин.

„Ветуваа подобар стандард и бизнис клима, но ништо од тоа се нема случено. Економијата убедливо ја забетонираа на дното на Европа и ги покачија даноците за да може да си договараат матни тендери во 4 очи на грбот на граѓаните на Република Македонија. Ветувањата за повисоки плати и пензии станаа мртво слово на хартија, земјоделците се понижени, а наместо подобро здравство донесоа здравство во кое ни се случуваат епидемии,  умираат луѓе и се носат црни тендери. Наместо да го остварат ветувањето дека ќе ги вратат младите назад, СДСМ го забрзаа иселувањето и направија егзодус на кадри. Откако е СДСМ на власт забрзано расте сиромаштијата кај младите и единствено што размислуваат е како побрзо да ја напуштат државата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе