ВМРО-ДПМНЕ: Заеви се корона профитери, нивната фирма Еленица доби пари од државната антикризна помош

Во услови на оваа криза Заеви стануваат корона профитери, нивната семејна фирма Еленица од која заработуваат милиони евра е корисник на пари од државната антикризна помош, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

„На 14 мај на сметката на ИГМ Еленица од Владата на Република Македонија ѝ биле исплатени 841.000 денари државна помош за плати за месец април. Пресметано, тоа се минимални плати од 14.500 денари за 58 вработени. Еленица во 2018 година беше компанија со најголема добивка во Струмица и струмичкиот регион. Со приходи од 5,16 милиони евра оствари добивка од 2,7 милиони евра. Значи со остварени приходи над 5 милиони евра годишно на Заеви им дојде редот да земаат од парите на народот. Ова е срамно и долно“, изјави Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, кризата за многумина значи загубена работа, а и живот, а само за Заев значи пари.

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе