„На 14 мај на сметката на ИГМ Еленица од Владата на Република Македонија ѝ биле исплатени 841.000 денари државна помош за плати за месец април. Пресметано, тоа се минимални плати од 14.500 денари за 58 вработени. Еленица во 2018 година беше компанија со најголема добивка во Струмица и струмичкиот регион. Со приходи од 5,16 милиони евра оствари добивка од 2,7 милиони евра. Значи со остварени приходи над 5 милиони евра годишно на Заеви им дојде редот да земаат од парите на народот. Ова е срамно и долно“, изјави Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, кризата за многумина значи загубена работа, а и живот, а само за Заев значи пари.