ВМРО-ДПМНЕ: Заев залудно се радува на новиот Закон за јавно обвинителство

Амнестија на криминалот нема да има и залудно Заев се радува дека со новиот закон нема да се истражуваат неговите криминали кои ги слушнавме, велат од  ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека Заев знае само да гази по правото, дека го интересира криминалот, рекетот и личното богатење, а не почитувањето на закони.

„Заев и СДСМ се синоним на криминалот. Корупцијата и криминалот им се работи кои ги прават за добро утро. Заев и СДСМ го заробија правосудниот систем, а од ветуваните право и правда нема ништо. Има само извитоперено право и извитоперена правда по теркот на Заев. Тоа не е ниту право, ниту правда. За три години СДСМ само газеше по правото, газеше по законите, газеше по Уставот. За три години СДСМ гази по народот. Заев и СДСМ направија само народот да види што е Луи Вутон обвинителство и трас-трас судство. ВМРО-ДПМНЕ е различно и тоа ќе го видат граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ кога зборува за право и правда, мисли на право и правда засновани на почитување на процедури, закони и Устав. Заев покажаа единствено дека може повеќе криминал, може повеќе корупција и може само порази. Заев и СДСМ не знаат за ништо друго. Доцна е Заев и СДСМ да зборуваат за закони и нивно почитување. Да ставиме крај на виткањето кичма", се вели во партиското соопштение на опозициската партија.

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе