Реакција

ВМРО-ДПМНЕ: Заев вели дека треба да се штеди, а власта троши за 4 дена 8 милиони денари за патувања

Не е солидарност кога Заев вели дека треба да се штеди, а власта троши за 4 дена 8 милиони денари за патувања и репрезентација. Не е солидарност кога неспособноста на владата ќе сака да ја наплати врз грбот на работниците, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на Зоран Заев

„Не е солидарност кога министрите и директорите кои претходно земале 3 или 4 пати поголема плата ќе рече Заев дека треба да „стиснат заби“ заедно со работниците и да земат минимална плата. Првиве имаат залихи, вторите секој месец им е борба за преживување.

Не е солидарност кога министерот за здравство нема да ги опреми докторите и лекарите со заштитна опрема против корона вирусот, ама секој ден ќе прави ПР преку нивната борба и надчовечките напори во спасувањето животи.

Не е солидарност да кратите плата на работниците а тие со привремени вработувања да седат дома и да земаат плата.

Солидарност е да се прифати подадената рака на опозицијата и да ги применат предлозите кои и така ќе ги прифатат, но сепак задоцнето. А, задоцнетото во економијата и во животот секогаш се плаќа двојно поскапо.

Пред две недели ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски соопштија Владата сериозно да размисли за задолжување кон странство затоа што пари ќе нема. Вчера и денес Заев тоа го призна дека е така, но разликата е што поминаа две недели и пари нема.

Сега велиме дека се доцни со мерките во стопанството, а Заев вели дека проактивно делувал. Од таквото негово делување 10 илјади работници за една недела престанаа да одат на работа.

Згора на тоа или погрешно го брифираат, или не сфаќа, или свесно шири лажни вести, па ќе каже дека сум предложил државата да даде половина од просечна плата што е помалку од минималната плата која тој ја предлага. Целосно погрешно и шири лажни вести. Она што е неопходно државата да го направи е покривање на 50% од бруто трошоците на компаниите за вработени за плати и придонеси. Ваквата поддршка веќе касни, и треба да се обезбеди веднаш пред да биде предоцна.

Како што бевме во право за задолжувањето, сега кажуваме дека Заев треба да ги обезбеди 400-те милиони евра кои седат во благајнички записи на банките. Што побрзо, тоа подобро.

И на крај, ова е период на соочување со реалноста, македонската економија не блеска, таа едвај дише и одамна е приклучена на респиратори. Да не дозволиме на екранот да се појави црвената линија, затоа што тогаш ќе биде доцна. Заев треба да го повлече предлогот за драстично кратење на платите, и да се фокусира владата кон мерки кои ќе дадат резултати. Треба да се заштити здравјето, но и стандардот на граѓаните. И ова нема врска со популизам, туку со реален живот, а доаѓа време кога се неопходни храбри и одлучни чекори“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Стануваме и општество на меѓунационална недоверба и постојана сомничавост, која не секогаш е без причина.

повеќе

Македонија во НАТО е заслуга на сите политички партии од  осамостојувањето на земјата, а не само ДУИ.

повеќе

„Каде да летнеме викендов е пристап што како таков повеќе нема да постои“...

повеќе