ВМРО-ДПМНЕ: Заев од СДСМ направи чувар на мафијата

Заев од СДСМ направи чувар на мафијата, чесните членови не ја препознаваат партијата која е окупирана од криминалците. Заев не кажа ништо за Рекет 1 и 2, за ташната со изрекетирани пари која по зборовите на Бојан Јовановски завршила кај Зоран и Вице Заеви, велат од партијата ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев не кажа ниту за Мафија 1 и 2 и за тоа како светски наркобосови земале македонски пасоши, а за тоа одговорност имаат службениците на пасошко.

Заев додека славеше ниту еднаш не ги спомна над 4600 загубени животи, од кои голем брпј не се меѓу нас заради лошиот систем, немањето тестови и таблети, а сега и вакцини.

Заев молчи и за илјадниците штедачи кои останаа без денар по пропаѓањето на Еуростандард банката.

Немаше ниту збор за десетината нерасчистени убиства.

Додека Заев слави, над 150.000 семејства чии членови го прележаа ковид-19 се со намалени приходи, 60.000 се без работа, 6.200 фирми ставија клуч на врата“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе