ВМРО-ДПМНЕ: Заев не дозволува да се донесе квалитетен закон за Јавно обвинителство

Зоран Заев, главата на октоподот, главата на државната мафија, е спремен да го жртвува датумот за почеток на преговори со ЕУ, само и само за да си го продолжи криминалниот век, обвини денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски. 

На прес-конференција Стоилковски рече дека без исполнети услови нема датум за почеток на преговори со ЕУ, а Заев не дозволувал ниту да се донесе квалитетен закон за Јавното обвинителство, ниту да се расчисти со високата корупција во која што, според него, биле вмрежени и администрацијата и правосудството.

„Македонија ја тресат корупциски скандали од највисок степен со инволвирани имиња од власта, а нема решение, нема процес, нема ништо за ниту еден случај. Нема никаква разрешница за прислушувањето на јавните обвинители. Нема разрешница за Курто Дудуш и киднапирање и физичко малтретирање на граѓани. Нема разрешница за партизацијата со ‘Мрежа‘, нема разрешница за злоупотреба на фондови. Нема разрешница за ‘Тополки‘, нема разрешница за ‘Леонардо‘, нема разрешница за ‘Рекет‘.

Едноставно, нема разрешница за ниту ниеден од скандалите за кои што пишуваат и меѓународни медиуми“, рече Стоилковски.

Според него, наместо справување со криминалот и корупцијата, Заев приведува новинари во полициски станици, обвинува и силува медиуми кои објавуваат за криминалот и корупцијата, без основа притвора опозициски функционери кои што говореа за криминалот и корупцијата на државната мафија.

„Зоран Заев судството го претвори во пазар, тргува со правото и правдата, и притоа турка Закон за амнестија на октоподот, за заштита на рекетарското здружение, закон за наградување заради политичкиот прогон. Ова не се европски вредности, ова не се условите за добивање на датум за почеток на преговори со ЕУ, ова не се цели на Република Македонија. Ова се цели на Зоран Заев, фатен во криминал и кој што ќе стори се’ за да го продолжи векот на октоподот на државната мафија претворајќи ја Македонија во семеен нарко – картел“, додаде Стоилковски.

На прашањето дали нешто конкретно е постигнато на преговорите за законот за јавно обвинителство, тој кажа дека ако имало напредок тоа ќе било соопштено, пред сѐ од власта која што предлага еден таков закон.

„Јасно е дека се жртвува европскиот напредок на Република Македонија бидејќи ниту во јуни не беа исполнети оние цели за кои што Зоран Заев лажеше дека не постоеја минатиот јуни кога велеше дека сме добиле датум“, одговори Стоилковски, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе даде сѐ од себе за да се постигне договор, меѓутоа не по цена на квалитет на еден ваков договор.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе