ВМРО-ДПМНЕ: Заев најмува негатори на македонскиот идентитет, како Рајчев да му прават анкета

„Србија со една многу подмолна политика успеа да оддели едно парче од Бугарите и да ги претвори во самостојна нација" е теза на Андреј Рајчев еден од основачите на Брима ДОО во Македонија, агенцијата која ја прави анкетата за потребите на Зоран Заев, на која фризирано СДСМ води, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Рајчев е главен идеолог за идејата на отворање на бугарски универзитет во Скопје, тој во интервју за бугарски медиум кажа: „Наш интерес е тие да знаат за Бугарија. Зошто, на пример во Скопје да нема бугарски универзитет?"

Рајчев е човек со докажани антимакедонски позиции, и ја негира македонската посебност, национален идентитет, јазик и култура. 

Нема анкетар кој ќе ги застапува тезите на Заев и ќе фризира податоци, па мора да прибегнува кон најмување на најголемите противници на македонското постоење.

По оваа денешна анкета гледаме дека Заев е толку очаен што е спремен да плаќа и негатори на македонскиот идентитет само за да создава привидна реалност“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе