ВМРО-ДПМНЕ: Заев мислеше дека тепач на жени како Фрчкоски може да биде амбасадор

Уште еден пораз на земјава донесен од Заев. Љубомир Фрчкоски не може да биде амбасадор на земјава во САД особено што има портфолио на тепач на жени и е лустриран соработник на државните служби. На ранг на дипломатски скандал е што владата мислеше дека домат дипломатијата на Заев - Димитров може да направи пробив со скандал мајстор како Љубомир Фрчкоски, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Уште поскандалозно е што Заев останува во потрага по нова функција на Фрчковски кој очигледно не е подобен за амбасадор. Освен Заев што се брука во земјава се брука и надвор од државата.

Заев е магнет за неспособни кадри. Љубомир Фрчкоски беше министер за внатрешни работи кога се случи нерасветлен атентат на претседателот Киро Глигоров и кога на големо се случуваше шверц на цигари и нафта. Со неговото име се врзуваат сите скандали од транзицијата од чие време потекнува и кариерата на аболираниот криминалец Зоран Заев. Со ова се покажува несериозниот однос на земјава кон најсериозните дипломатски прашања“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе