Реакција

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Спасовски немаат кредибилитет веќе да извршуваат функции

СДСМ е единствената партија во Европа која ја води лице, три пати аболицирано за тежок криминал и злоупотребувајќи ја моќта и институциите наредува политички прогон врз опозицијата, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

„И аболицираниот Зоран Заев и министерот за прогон Оливер Спасовски точно знаеја дека Никола Груевски не е во својот дом, а уште помалку во штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Точно знаеја каде е Никола Груевски но одлучија да вршат претреси, притисоци и закани врз членови на ВМРО-ДПМНЕ во обид да си ја „ишнат“ мувата од капите

Одговорност и оставки мора да има.

Кога во мистериозни околности избега убиецот на младиот фудбалер Јанушев, одговорност немаше. Избега и еден од убијците на младиот Саздо, повторно немаше одговорност. Избегаа и убијците од „Рузвелтова“ и како по правило немаше одговорност. Аболицираниот Заев и министерот за прогон Спасовски немаат ни капацитет, ни кредибилитет веќе да извршуваат функции.

Заев и Спасовски креираат евтин политички театар за покривање на нивната немоќ и неспособност.

Министерот за прогон и терор Оливер Спасовски и Зоран Заев нека одговорат кого лажат и кого замајуваат.

 СДСМ имајќи ги во раце неограничените ресурси на државната безбедност сакаат лажно да прикажат дека не знаат за движењето на Никола Груевски? Тоа е дилема која треба тие да ја одговорат.

ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со самото заминување на Никола Груевски, тоа не е опција дури и дури кога сите знаат дека се работи за политички прогон.Одговорноста за бегството на Никола Груевски лежи единствено во власта со која предводи Заев и Спасовски“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе