Во февруари годинава во земјава се согорени 40.000 тони кокс

ВМРО ДПМНЕ: Заев и шефот на Царина да одговараат за увозот на отровен отпад

Зоран Заев и шефот на Царинска управа мора да одговорат кои фирми и кој им дал дозвола да го внесуваат и горат отровниот отпад од цел свет, велат од ВМРО ДПМНЕ. 

Само во февруари годинава во земјава е согорен 40.000 тони кокс. Додека граѓаните се трујат некој Зоран Заев го загрозува здравјето на граѓаните. Зоран Заев и овозможува на олигархијата на власта да внесува и гори кокс со 18% сулфур и обоен текстил во нивните фабрики заработил 12.000.000 евра, велат од ВМРО ДПМНЕ во најновото саоопштение. 

Зоран Заев и шефот на Царинска управа мора да одговорат кои фирми и кој им дал дозвола да го внесуваат и горат отровниот отпад од цел свет.

Скопје, Битола, Струмица, Тетово, Куманово и Кавадарци тонат во отровен смог, а власта вели дека воздухот е чист.

Болниците се полнат. Загаденоста во урбаните средини во раните утринси часови кога нема фреквенција на возила е и до 15 пати над дозволеното.

Отровните ПМ10 честички ги трујат граѓаните. А власта не само што не прави ништо туку и го скори најмалиот буџет за екологија до сега.

Негрижата за здравјето на луѓето е евидентна. Власта се грижи само за бизнис интересот на олигарсите на власта, се наведува во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. 

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе