ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Богоевски се криминалци, двајцата можат да соработуваат само во затвор

И за Заев и за Богоевски постојат тонски записи од вршење на криминал, и двајцата се криминалци, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. Од таму велат дека Заев и Богоевски можат да соработуваат само во затвор.

„Оставката на Богоевски е само затскривање на големите криминалци во владата, како Зоран Заев. Тој иако целата јавност го виде како бара мито во висина од 200.000 евра се уште е на слобода затоа што судството е под негова контрола. Претходно Заев беше аболициран за криминал тежок 8 милиони евра. Заев пред целата македонска јавност во ек на кампањата за референдумот повика на поткуп за гласање, а разрешница за случајот нема. Оставката на Богоевски е само бледо затскривање зад моралноста, а Заев кој е жив фатен во криминал се уште е на позицијата премиер, а постапките против него се прекинати. Наместо само оставка потребна е кривична одговорност. Вистинската казна треба да стигне преку правосудните органи и непречено одвивање на кривичната постапка", реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија додаваат дека местото на Богоевски не е во политиката исто како и на Заев, неговото место е во некоја казнено поправна установа, каде друштво ќе му прави Зоран Заев, кој исто така ќе одговара за своите криминали по враќањето на правната држава.

 

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе