ВМРО-ДПМНЕ: Заев е заштитник на криминалот и промотор на рекетот

Катица Јанева е бела мечка за Зоран Заев и таа не можела да прави рекет во период од цела година без знаење на врвот на власта. Премногу е очигледно од каде стигнувале командите кон Јанева, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Зошто се молчело и институциите не реагирале може да покаже само независна и професионална истрага. Со Зоран Заев на власт ефективна правна разрешница не е можна, затоа што тој е заштитник на криминалот и промотор на рекетот. Потребна е истрага, а не пародија во која што притворената ќе му издава наредби на тој што ја притворил. Потребно е независно обвинителство растоварено од притисоци и влијанија. Дополнително потребни се предвремени парламентарни избори за пад на оваа ненародна власт“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе