ВМРО-ДПМНЕ: Заев е заглавен во криминал, поради тоа власта се обидува да ги замолчи медиумите

Зоран Заев е заглавен до гуша во криминал. Аболицираниот Заев е исплашен бидејќи корупцијата , расипништвото и неспособноста на неговата власт се главна тема во медиумите. Токму поради тоа се обидува по секоја цена да ги заплаши и замолчи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Криминалната банда на власт се плаши од вистината за нејзиното владеење и поради оваа причина врши притисоци и им се заканува на медиумите.

Затоа кривично гонат новинари и медиуми. Пратеникот на СДСМ и поранешен Генерален секретар, Александар Кирацовски лично го тужи директорот на „Прва Република“ за текст објавен на порталот „Република“ во кој се пренесува туѓ став.

За жал ова не е изолиран случај па така откако Заев и речиси целиот државен врв најавија тужба за уредникот на порталот „Инфомакс“, Александар Митовски наредбата ја спроведе Јовевски и обвинителството. Митовски заработи кривична пријава за наводно оддавање на службена тајна откако ја објави вистината за најголемата криминална афера во историјата на Македонија, аферата Рекет.

На денот кога новинарите одржуваа протест против цензурата и притисоците врз медиумите полицијата влезе во уште една информативна редакција. Полицијата влезе во редакцијата на порталот „НетПрес“ поради објавен текст за аферата „Леонардо“ во која лично е вмешан еден од најблиските соработници на Зоран Заев, Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски.

Претходно новинари беа повикувани на службени разговори наместо криминалците од власта“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе