ВМРО-ДПМНЕ: Заев е тендераш и аболициран криминалец

Зоран Заев е транзициски криминалец, аболициран за криминал од 8 милиони евра, ослободен од Луј Витон правосудството за очигледниот случај Поткуп, вмешан во изборен поткуп и редица други криминали во кои е до гуша заглавен велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Токму затоа Заев се бори за власт, за да може и понатаму да тера бизнисот на фамилијарниот картел и да може да се спаси од одговорност за кршењето на законите. Тоа е причината поради која се прави оваа тендерашка власт во која Заев на Македонија и нуди истрошени транзициски ликови.

Со Заев Македонија може само да тоне уште повеќе во корупција, криминал и сиромаштија. За да може кланот на Заеви и понатаму да ги полни џебовите со народни пари, граѓаните остануваат без работа, десетици илјади не земаат редовно плата, а сме уникатен случај во Европа на која и пропадна банка од која само министерката за финансии и неколку фирми успеа да ги извлечат парите.

Со власт на Заев единствено организирано работи само криминалот. Над 1 милијарда евра порасна долгот за само три месеци, долг кој секој граѓанин и неродено дете во Македонија ќе треба да го враќа во иднина“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе