ВМРО-ДПМНЕ: Заев е криминалецот број еден, тој го менаџирал „Рекет“

Зоран Заев е криминалецот број еден, а Љупчо Николовски е неговиот конселиере и затоа тој излегува да го брани неговиот криминал, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција на Љупчо Николовски.

„Петардата на СДСМ буквално испука без звук. Доколку Љупчо Николовски и СДСМ сакаат да ја дознаат вистината за милионскиот рекет нека го прашаат Зоран Заев, тој го менаџирал и прикривал криминалот. Боки 13 кажа, знаел уште пред 3 април, а пријавил на 22 април.

Што правел Заев од 3 април до 22 април!? Со кого се договорал и што договарал!? Николовски и Заев можат да ја прашаат Дескоска, која ако држи до законот ќе им каже дека прикривањето на криминал е криминал, кој се казнува согласно закон.

Самиот факт што Заев го известил Боки 13 говори дека или биле заедно, или му оставил доволно време да уништи, прикрие и измени докази.

Зоран Заев е човек на кој менаџирањето на криминал добро му оди. Тој е градоначалникот кој наплаќаше 2 евра од метар квадратен во вид на мито за легализација на градежно земјиште, нешто кое требал да го прави согласно закон.

Заев е човекот кој договараше со Јово и 3 години менаџира судски пресуди во државата по принципот трас - трас.

Заев е човекот капо ди тути капи, кој менаџира и управува со правосудството три години. За таквите криминали наскоро доаѓа судот“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе