ВМРО-ДПМНЕ: Заев е човекот кој ветуваше европска Македонија, сега нуди мини шенген Македонија

Зоран Заев е човекот кој ветуваше европска Македонија, кој етикетираше луѓе за кочничари на евроинтеграциите, а сега нуди мини шенген Македонија и самиот е главен кочничар, се наведува во реакцијата на партијата ВМРО-ДПМНЕ.

„Корупцијата и криминалот се симболот на оваа власт на Заев и поради нив сме секој ден се подалеку од Европа. Не ВМРО-ДПМНЕ, туку Транспаренси не вбројува во најкорумпирани држави во светот, а Извештајот на Стејт Департментот нотира корупција и криминал во власта.

Мини шенгенот не е алтернатива на ЕУ и Заев не може да го преставува како спектакуларен успех. Тоа е вообичаена регионална соработка, далеку од тоа што е врвен национален интерес, а тоа е полноправно членство во ЕУ и дел од големото семејство европски држави.

Овие 4 години власт на Заев, се 4 украдени години за граѓаните исполнети со неуспеси и понижувања“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе

Неразрешеноста на случајот („Јавна соба“) дури после речиси две години од неговото откривање ја активира јавноста бидејќи се руши илузијата дека надлежните работат на случајот.

повеќе

На националистичките агенди во регионот им треба релативно мала искра за да се направи многу поголем пламен.

повеќе