ВМРО-ДПМНЕ: Заев да одговори што му ветил на Ахмети

Зоран Заев продолжува со распродажбата на државните и националните интереси со единствена цел остварување на своите лични аспирации за власт, пари и моќ. Аболицираниот Заев и неговата криминална банда по кој знае кој пат партиските ги ставаат пред државните и националните интереси, истакнуваат од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев е должен да им каже на граѓаните дали пред вториот круг од претседателските избори тој се сретнал со Али Ахмети и за што се разговарало на оваа тајна средба. Тој мора да запре со политиката на пазарење на сметка на државните и националните интереси со единствена цел зачувување на својата фотелја на Илинденска б.б. Функциите се минливи, а Република Македонија е се што имаме, Зоран Заев мора да го разбере ова. Премиерската фотелја не е поважна од интересите на македонските граѓани. Од интерес на граѓаните е да се спроведе Европски попис, а не попис каков што Заев договорил на тркалезна маса, попис на матични броеви. Пописот е статистичка, а не политичка операција, операција од суштинско значење за тековите во една држава“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе