„Самото интервју кое наликуваше на своевиден танц со ѕвездите, каде што недостасуваше мелахонична музика која што ќе го надополни амбиентот, македонската јавност беше сведок како премиерот во заминување сам си одговара прашањата, а новинарот не му контрира на лагите без вистинските прашања кои што се дел од милјето кое што го живее и кое што го интересира обичниот граѓанин. Дури и во момент на невнимание не се обиде медиумот кој изврши цензура кон лидерот на опозиција на премиерот да постави прашање кое јавноста ја засега. Едноставно ако се земе ова интервју во Македонија за сто дена не се случило вето, не пропаднала банка каде кредити влечел братот на премиерот, нема рецесија, не поскапела струјата, не се загубиле над 2.000 животи од корона.
Вистинските прашања на кои што граѓаните очекуваа одговори, а Заев вечерва не одговори:
1. Зоран Заев да каже што му ветил на Бојко Борисов уште како опозиционер со цел да дојде и да ја задржи својата премиерска фотелја?
2. Дали ова значи признание дека практично имаме уценет премиер кој што му должи на премиер на соседна држава?
3. Зошто Зоран Заев лажеше дека не преговара за македонскиот идентитет, кога придавката „македонски" стана јасно дека била предмет на разговори?
4. Дали според Зоран Заев имало бугарска администрација или бугарски окупатор во Македонија?
5. Зошто Зоран Заев се нема извинето, бидејќи бугарскиот окупатор го прогласи за бугарска администрација?
6. На кој јазик говорат Македонците во Струмица, и на кој јазик говорат Македонците во Петрич?
7. Дали постои македонско малцинство во Бугарија?
8. Зошто Зоран Заев не разликува споделена од заедничка историја?
9. Зошто Заев не одговори за денешниот скандал, каде што лично се потврди дека ги договарал судството и обвинителството, кој да добие, а кој да не добие притвор“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.