ВМРО-ДПМНЕ за утре најави протест во Скопје, Битола, Струмица, Тетово и Куманово

Oпозициската ВМРО-ДПМНЕ за утревечер во 19 часот најави протест пред зградата на Владата, а ќе протестира и во Битола, Струмица, Тетово и Куманово.

Во најавното соопштение за протестите партијата наведува дека наместо политиканство од страна на Владата потребни се одлуки.

„Владата на СДСМ продолжува со својата неодговорна политика во однос со најгорливото прашање – загадениот воздух. Загадениот воздух и во ек на пандемија убива, а власта вели дека тоа е само магла. Поради неспособноста на владата предводена од Заев животот на граѓаните е изложени на опасност. ВМРО-ДПМНЕ апелира поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на ковид-19, бремените жени и хронично болните да се ослободат од работа, и во приватен и во државен сектор. Наместо политиканство од страна на оваа неспособна Влада, потребни се одлуки“, стои во соопштението.

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе