ВМРО-ДПМНЕ: Во ден кога имаме 535 новозаразени, Заев дели концесии за брат му и братучедот

Националната катастрофа денес зема уште поголеми размери. 535 новозаразени од ковид, 6 починати, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Политиките на Владата удираат во ѕид. Нема резултати од нивните мерки, но има од нивното половично и селективно спроведување. Бројките на заразени покажуваат дека граѓаните се препуштени сами на себе. Ако некој се надева на поддршка од оваа Влада фрлена на крадење, треба да знае дека нема да ја добие.

Во денот кога над петстотини луѓе се новозаразени, вест е дека Владата на премиерот Зоран Заев си доделила концесија на компанијата на својот брат и братучед, и дека европските пари за проекти завршиле кај брат на пратеник од власта.

Ова се вика мафија која земјава ја направија главно упориште на Ковид во Европа, рекордер по смрт, зараза и неспособност која убива. Уште колку животи ќе се изгубат за да поднесат оставки? Нивната власт за народот е смрт“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе