Демант

ВМРО-ДПМНЕ: Во 2019-та не е Чулев министер, туку Спасовски, главниот логистичар на мафијата

Во изјава за Ал Џезира Спасовски изјави: Слушам во изјавите кои ги даваат деновиве дека станувало збор за една патна исправа која е издадена на 29 јануари, 2019 година. Па, кој беше тогаш министер?"- праша Оливер Спасовски. На 29 јануари 2019 министер е Спасовски, и тој го издал пасошот на наркобосот Валид Иса Хмаис, се вели во демантот на ВМРО-ДПМНЕ, на изјавата на министерот Оливер Спасовски.

„Или Спаовски не знае во која  година живее, или намерно сака да манипулира.

2019 година министер е Оливер Спасовски. Изборите и техничка влада е 2020 година. Нема лек за лагите на Спасовски евидентен доказ дека е извор на лажни вести и главен логистичар на мафијата.

Тоа што денеска проба да се вади на Чулев покажува дека му е повеќе од јасно дека е виновен и дека е фатен во криминал до гуша.

Колку и да се труди да манипулира и колку и да прета, одговорност ќе има“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе