ВМРО-ДПМНЕ: Власта поради својата неспособност носи на душа 821 починато лице

Секојдневните драконски бројки на новозаразени од ковид-19 ја потврдуваат неспособноста на Венко Филипче и власта, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Власта ја искачи Македонија на врвот во регионот по новозаразени и починати.

За недела дена имаме околу 2.000 заразени, а Филипче тврдеше дека таа бројка на заболени ќе биде во текот на целата криза.

Кога сите држави во светот имаа прекин во бранот на заразата ние бележевме рекорди во заразени.

Сега сме на почетокот на кризата, допрва следува сезоната на грип и хаосот може да биде уште поголем, а власта ништо не прави за да спречи ескалација.

СДСМ нема капацитет, да се справува, затоа што наместо да мисли како да го намали бројот на заразени, Филипче го зголемува семејниот имот.

Власта поради својата неспособност носи на душа 821 починато лице“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе

Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата.

повеќе

Мицкоски треба да побара собраниска расправа за односите со Бугарија или во перцепцијата на јавноста ќе биде изедначен со Заев. Лидерските средби не се институционална форма.

повеќе