ВМРО-ДПМНЕ: Власта ја злоупотреби вонредната состојба за поединци дебело да се нафатираат

Пендаровски и СДСМ ја злоупотребија вонредната состојба, кога наместо да се грижи за здравјето на граѓаните владата распишуваше тендери за набавка на шкампи и школки и на ангро се штанцаа дозволи за производство на марихуана, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Власта ја злоупотреби вонредната состојба за поединци дебело да се нафатираат.

Наместо борба за здравјето на граѓаните, СДСМ се бореше за тендерите.

Во ек на вонредна состојба, се доделија и половина милион евра пари за невладини, директно од влада, а се поделија во изборен период. Злоупотреба до злоупотреба.

Да беа искрени СДСМ и да им беа важни граѓаните немаше да злоупотребуваат светска несреќа за богатење на поединци.

Македонија не може понатака со луѓе кои партискиот и личен интерес им се пред државниот.

И сега СДСМ продолжува со истото. Поголеми давачки, поскапа струја, само и само се удира по граѓанинот“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе