Партиска реакција

ВМРО-ДПМНЕ: Владата најитно да го осуди однесувањето на Радев и Захариева

Владата треба најитно да го осуди однесувањето на Радев и Захариева, како и на другите бугарски политичари кои се закануваат врз интегритетот на Македонија и веднаш да ги извести сите меѓународните претставници во земјава, но и ЕУ и НАТО конкретно за однесувањето на Радев, бара ВМРО-ДПМНЕ и нагласува дека во спротивно Заев ќе биде директно виновен за поткопувањето на суверенитетот на државата и ќе сноси одговорност.

„Зоран Заев и СДСМ ја доведоа Македонија во подредена и понижувачка состојба со Бугарија. Заканите за интервенции на бугарски разузнавачки служби на територија на Македонија од страна на Румен Радев се директна вина и одат на контото на Зоран Заев, кој ја понижи државата, и ја клекна на колена. Македонија трпи закани заради Заев, кој се откажа од македонското малцинство во Бугаријa и ги фрли во бунар чувствата на илјадници Mакедонци, а е жртва на измислени сценарија и режии со наводни проблеми со Бугари во Македонија", соопштува ВМРО-ДПМНЕ и додава дека Заев не е во способен да го спроведува Уставот и да го заштити територијалниот интегритет и суверенитет на Македонија и дека сериозно го поткопува принципот на суверенитет гарантиран со меѓународното право.

Од партијата велат дека доколку Заев не реагира адекватно дека тој станува соучесник во дестабилизација на државата.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе