ВМРО-ДПМНЕ: Владата купува струја за 210 евра од мегават, а може да ја произведува 4 пати поевтино

5,5 милиони евра колку што изнесува набавката на 26.000 мегавати струја се пари, со кои доколку се употребеа за домашно производство ќе се произведеше 4 пати повеќе струја или над 100.000 мегавати, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Владата наместо како сега да дава 5.5 милиони евра за купување на екстремно скапа струја, можеше истите овие пари на време да ги инвестира во РЕК, да се наполни депонијата со јаглен и да произведува струја од домашни капацитети. Но наместо инвестиции во РЕК, власта тераше тендери со РЕК. Сега на прагот на зимата јаглен на депонијата има само за два три дена. Ваквото расипништво на власта е пример како не треба да се управува со енергетските ресурси на државата.

Оваа влада нема капацитет да се справи со енергетската криза, во која сами не втурнаа, потребни се промени, ВМРО-ДПМНЕ знае како да ја извлече државата од енергетски колапс“, соопшти партијата.

 

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе