До Собранието на Макдонија

ВМРО-ДПМНЕ утре ќе достави предлог за укинување на „пржинска“ Влада

ВМРО-ДПМНЕ останува на барањето за брзи предвремени парламентарни избори, a во таа насока, како предизвик до власта која не отстапува од ставот да нема избори до крајот на мандатот на Владата во 2024 година, опозициската партија за утре најави дека во Собранието ќе достави предлог за укинување на „пржинската“ Влада. Овој вид на техничка Влада, со учество и на опозициски претставници сто дена пред парламентарни избори беше договорена во времето на политичката криза од 2015 година, во таканаречените Пржински преговори со странско посредништво. .

Според ВМРО-ДПМНЕ, со предлогот се предвидува бришење на веројатно девет точки од законот, со што практично техничката влада би заминала во историјата, но и дека измените одат со барање за предвремени избори.

„Најавивме дека ќе поднесеме предлог закон, за предвремените парламентарни избори, кои што по секоја цена ќе се случат, без разлика што и да си замислуваат таму во СДСМ, народот повеќе не ги сака. Во тој предлог закон кој што ќе го предложиме, а го најави и нашиот лидер Христијан Мицкоски, ќе има бришење на некаде 9 точки од Законот кои што се однесуваат на техничката влада која што имавме прилика да ја видиме на кој принцип функционира изминатите години пред избори. По однос на тоа прашање последиците кои што ќе произлезат од тој предлог закон ќе биде враќање на моделот на функционирање на парламентарни избори или предвремени парламентарни избори пред 2016 година и, доколку сметаат дека се толку сигурни во победата, може да го прифатат и изгласаат предлогот, изјави вчера на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузевска, пак, вчера истакна дека ставот на СДСМ околу изборите е  јасен и повеќе пати искажан – нема време за парламентарни избори во услови на глобални кризи.

„Важно е да се напомене дека парламентарното мнозинство е стабилно и тоа се покажа и при изборот на владата и сметаме дека конечно по 15 години една влада треба да го издржи мандатот од четири години“, потенцира Кузевска.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски завчера во интервју за Сител изјави дека според него има десетици причини за предвремени парламентарни избори.

„ Резултатите на последните локални избори, во првиот и во вториот круг, мерењето на јавното мислење претходно, имаше вест во која јавноста кажува што очекува, повеќе од две третини од граѓаните се за тоа дека треба нова влада бидејќи оваа Влада ја води Македонија во погрешна насока“, рече Мицкоски.

Концептот техничка влада предвидува соработка меѓу власта и опозицијата во периодот до спроведување на изборите, имајќи предвид дека одлуките усогласено треба да ги носат и министерот и заменикот во ресорите, каде и власта и опозицијата имаат свои претставници. Решението за техничка Влада првично беше применето по кризата која настана, откако Зоран Заев како лидер на опозицијата во 2015 година почна со објавувањето на „бомбите", по што следеа предвремени избори. Од 2016 година досега Македонија имаше две технички влади, првата предводена од Емил Димитриев, втората од Оливер Спасовски.

Согласно сегашното законско решение техничкиот премиер го предлага партијата на власт, најголемата опозициска партија ги предлага министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика. Власта има свои заменици во МВР и МТСП, додека опозицијата има свои заменици во министерствата за финансии, за информатичко општество и администрација и за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе