ВМРО-ДПМНЕ тврди дека болницата во Тетово била пуштена без дозвола за употреба и побара оставки

Од опозициската партија утрово преку соопштение повторно побараа оставки на Заев, Филипче и Хасани и нагласија дека болницата е пуштена без дозвола за употреба. Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека болницата во Тетово не смеела воопшто да биде пуштена во употреба, а не пак да се преполни со пациенти во тешка состојба.

„Одговорност затоа што неисправен објект е пуштен во употреба треба да понесат не само директорите на болницата, туку и Хасани и Филипче и Заев. Филипче е и потписник на тендерот за изградба на модуларните болници. Објектите на модуларните болници наместо со материјали кои имаат голема резистентност на оган се изградени со високо запаливи материјали кои видовме дека горат за неколку минути. Доколку болницата била направена од материјали кои при изложување на оган не горат и до десетина минути сега немаше цела држава да биде завиена во црно“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. 

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе