Реакција

ВМРО-ДПМНЕ: Со договорот се прави неповратна штета на државата

Зоран Заев е најголемото оружје што досега го имала грчката страна во преговорите за името. Зоран Заев со овој договор прави три големи работи кои создацаат неповратна штета. Со договорот се бирише името Македонија, се менува уставот, и се загрозува идентитетот македонец и македонско.

„Ова е капитулантски договор со кој Заев се гордее, а со кој ќе се срамат стотици генерации во иднина. Македонија не заслужува да згасне на нечесен начин, поради скриени сомнителни интереси на Зоран Заев кој бесрамно распродава нешто што не е за продавање. Не се виновни претходните генерации што ние денес живееме во Македонија, тие се наша гордост, но ако се откажеме од нив ние ќе бидеме нивниот срам. ВМРО-ДПМНЕ се спротивставува на овој капитулантски договор“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. 

Од опозициската партија додаваат дека ова е договор со кој во сто проценти се исполнуваат сите грчки барања. Со договорот Македонија се обезличува, се менува нејзиниот идентитет.

„Зоран Заев е единствениот политичар во Светот кој го сменил името на својата земја, и се откажал од идентитетот на својот народ. Со ова Заев се става во темната страна на историјата на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани, незадоволни од капитулацијата на Зоран Заев, незадоволни од договорот кој го постигнал со Ципрас, незадоволни од економското цунами и пустош на владата на СДСМ да ни се приклучат во протесниот марш во Битола. Протестот ќе започне во 13:30 часот, собирното место е пред спортската сала во Битола, низ Широк Сокак се до плоштадот Гоце Делчев пред Домот на културата. Ова е можност да се покаже подготвеност и несогласување со недржавничките и поразителни политики на оваа влада предводена од Заев која освен штета не направи ништо корисно за Република Македонија“, се вели во реакцијата на опозициската партија. 

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе