Заврши рокот

ВМРО-ДПМНЕ со 50, СДСМ со 5 и Беса со 2 амандмани за законот за јазици

ВМРО – ДПМНЕ поднесе 50 амандмани, СДСМ пет и два Движењето Беса пред истекувањето на рокот за поднесување на амандмани за Законот за јазиците. 

ВМРО – ДПМНЕ вели дека со амандманите ќе се интервенира таму каде што сметаат дека се загрозува македонскиот јазик, а СДСМ тврдат дека амандманите се во однос на расчистување на дилемите околу казните предвидени со Законот.

Според Движењето Беса, со нивните амандмани ќе бараат службена употреба, а не само унапредување на албанскиот јазик во Македонија.

Пратеничката група на ДУИ, пак, не поднесе амандмани, бидејќи, како што рече Артан Груби, нивните забелешки веќе се доставени до Венециската комисија.

Груби, како претседател на собраниската Комисија за европски прашања, закажа седница на Комисијата на 22 ноември, на Денот на албанската азбука, на која во второ читање ќе се разгледува предлог-законот за употреба на јазиците.

По три дена за него ќе се расправа во Законодавно-правната комисија, а потоа на пленарна седница.

На денешен ден, 18 февруари 2013 година, Собранието на РМ го избра Талат Џафери за министер за одбрана.

повеќе

Народот е тој што треба да кажува дали политичарите се умни, знаат, ќе одлучи или пак ќе бара нивна смена.

повеќе

„Бејоеремите" веќе многу долги години имале и имаат јазик којшто (Слушни! Слушни добро!) сите, освен нас, го нарекуваат „македонски".

повеќе