Реакција

ВМРО-ДПМНЕ: Штетниот и срамен договор со Грција, СДСМ го претставува како европска вредност

Зоран Заев и СДСМ тргнаа во кампања за референдум за капитулантскиот договор, а се срамат да спомнат збор за заштита на Уставот, историјата, традицијата, наведуваат во соопштение од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат дека Заев се согласил да ги прифати грчките црвени линии со кои се брише името Република Македонија и се брише македонскиот идентитет.

„Заев молчи околу тоа како ќе се вика државата доколку му помине референдумот, дали ќе има македонско малцинство во Грција и македонски топоними. Заев и СДСМ бесрамно ги злоупотребуваат македонските евроинтеграции за да го оправдаат капитулантскиот договор кој го потпишаа со Грција, со кој се откажуваат од се што е македонско", се наведува во партиското соопштение.

Како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, картелот на власт се обидува да ги изманипулира граѓаните дека нивното криминално и расипничко работење е работа по европски стандарди и ги потценува граѓаните, односно ги дели на проевропски и антиевропски.

„Штетниот и срамен договор со Грција, СДСМ го претставува како европска вредност. Доделувањето на крвави тендери и грантови на роднини на функционерите на Владата и партијата на власт, за СДСМ е европска вредност. Држава во која премиерот е два пати аболициран и целата јавност го виде како бара мито, за СДСМ е држава по европски стандард. Држава во која ввицепремиерот ненаситно секојдневно си доделува државни тендери во неговите фирми за СДСМ е европски стандард", истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата подвлекуваат дека македонските граѓаните не се против и НАТО и ја поддржуваат евроинтеграцијата на Македонија, но не ги поддржуваат криминалите на СДСМ и Заев и распродажбата на државните и национални интереси.

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе