ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ во Собрание ги крши законите и спротивно на Деловник верификува мандати

СДСМ повторно лаже и ја манипулира јавноста додека на јавна сцена во собрание ги крши законите и спротивно на Деловник верификува мандати, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Денеска СДСМ верификува мандати спротивно на Деловникот за работа на собранието и неговиот член 17, кој јасно вели дека пратениците кои ќе станат пратеници од листата на кандидати во остатокот од мандатот собранието ја врши на првата наредна седница врз основа на извештајот на ДИК, а по предлог на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања, а не по предлог на верификационата комисија, како што тоа денес го прави.

Пратеничката Гордана Силјановска Давкова не гласаше против верификацијата на мандатот на пратеникот Бедри Фазлиу, туку против процедурата по која СДСМ тоа го прави.

СДСМ и овој мандат го почна со кршење на постапките и законските решенија. Насилно и за гола власт ја уништија правната држава“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе