ВМРО-ДПМНЕ: Протест во сабота, луѓе умираат, Филипче и Заев летаат со хеликоптери

Денес починаа 35 лица, на денот кога имавме 51 погреб поради корона вирусот. 86 лица починаа за два дена. Овие луѓе немаше да бидат починати доколку Зоран Заев и Венко Филипче наместо да возат мотори и летаат со хеликоптери обезбедеа вакцини. Но, ним поважни им беа провизиите за вакцини од обезбедувањето вакцини за спас на животите на граѓаните на Македонија.

Над 4.000 луѓе ги загубија животите, додека нашата власт не успеа да набави ниту една вакцина. Филипче и Заев се директно виновни за целиот хаос кој што се случува во болниците, со заболените, со починатите и нивните фамилии.

Ова е огромен срам. Срамот треба да се измие. Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе протестира во сабота во 11 часот пред изворот на проблемите, Министерството за здравство.

 

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе