ВМРО-ДПМНЕ предлага бесплатно тестирање за ковид за сите граѓани

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ предлага амандмани на буџетот за ковид кризата и меѓу другото, бара бесплатни ковид тестови за сите граѓани, и 50 нови амбулантни возила.

Пратеничката Ели Панова на денешната прес-конференција рече дека во здравството нема доволно пари за реконструкција на Јавните здравствени установи, за медицинска опрема за потребите на Јавните здравствени установи, за нов клинички центар, за амбуланти во руралните подрачја, за потребите на Агенцијата за лекови, за вработување и едукација на лекари и медицински персонал, како ни за здравствено осигурување и здравствена заштита на граѓаните на Р.Македонија.

„Во буџетот на Заев и Филипче има пари за партиски вработувања, за непродуктивни трошоци како на пример за мебел по институциите, но не и за здравството. Се чини дека Владата и во оваа криза ги гледа граѓаните единствено како единствени матични броеви, а не како живи луѓе“, обвини Панова.

Таа ја повика власта да ги прифатат амандманите на ВМРО-ДПМНЕ, зашто, како што кажа, само живи луѓе можат да ја раздвижат економијата, а нивниот фокус бил да се спасат што е можно повеќе животи.

„Живееме во држава која е во првите 5 земји во Европа во заразени по глава на жител, а по смртност и многу пошироко. Со масовно тестирање ќе се помогне во намалување на бројката на новозаразени. Тоа значи дека ќе се спасат животи и ќе се намали смртноста. Веќе неколку европски земји го спроведоа тоа и се покажа како ефикасна метода. Воедно тоа многу ќе помогне и финансиски на граѓаните.

Едно или две донирани комбиња не вршат работа, ова беше само крпење, затоа сметаме дека буџетски мора да се реагира и итно мора да се набават нови амбулантни возила, за сите градови“, рече Панова.

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе