Реакција по „скафанер“ седниците

ВМРО-ДПМНЕ: Пратениците веднаш да се вратат во изолација зашто ќе поднесеме кривични пријави

Пратениците болни од ковид-19 веднаш да се вратат во изолација, зошто ќе поднесеме кривична пријава, за нив и за сите кои го дозволиле нивниот влез и гласање, гласањето е нелегитимно, соопшти ВМРО-ДПМНЕ венаш по собраниската седница на која со учество и на пратеници од СДСМ позитивни на коронавирусот беа изгласани законите од владниот Петти антикризен пакет.

„Изолацијата од ковид-19 е задолжителна и истата не смее да се прекршува и прекинува, за ништо друго освен за посета на лекар. Правилата и прописите се јасни и децидни. Пратениците болни ковид-19 да се вратат во изолација веднаш, ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава. Гласањето е нелегитимно. Одговорност мора да има за сите од лицата кои ги пропуштиле да влезат во Собранието и да го загрозат здравјето на сите, до Талат Џафери, кој дозволил нивно гласање, иако истите имаат решение за изолација и не смеат да го напуштаат домот, и да го посетуваат работното место“,се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, Талат Џафери и СДСМ денеска покажаа дека законите за нив не значат ништо, и дека ги кршат на секој чекор.

„Овие преседани не смеат да продолжат. Доколку ова помине, државата веднаш да им ги врати парите на сите казнети за неносење на заштитни маски, на сите кои го прекршиле полицискиот час и на сите кои потрошиле заштеди и подигале кредити за да се лекуваат низ ковид болниците. СДСМ е најголем ширач на зараза и е канцерот на државата“, се вели во соопштението на ВМРО-ДППМНЕ.

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе