ВМРО-ДПМНЕ: После пцуењето на вработени во Собранието, Џафери влегува во нов скандал со лица од Чеченија

Собранискиот спикер Талат Џафери влегува од скандал во скандал, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ. „После примитивизмот и пцуењето на вработени во Собранието, дојде нов скандал за негови врски и средби со лица од Чеченија кои се верни следбеници на Владимир Путин", посочуваат од опозициската партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека додека Џафери и владата на СДСМ и ДУИ имаат полна уста за прозападна ориентација, остваруваат контакти со контроверзни ликови блиски до режимот во Кремљ.

„Џефери на 10 јули 2021 година имал средби со Абдул-Вајед Нијазов поранешен пратеник во Думата и основач на здружението "Муслиманите во поддршка на Претседателот Путин". Како е возможно ваков лик да остварува средби со високи државни функционери на земја-членка на НАТО. Зарем и во други земји-членки вакви лица блиски до Кремљ слободно се шетаат во нивните парламенти", прашуваат од партијата од каде се во дилема и за тоа што разговарал Џафери со Чеченците.

„Според информациите во странски медиуми, гостите од Чеченија биле во посета на општина Тетово и со тогашните локални власти разговарале за изградба на споменик на Ахмат Кадиров, по кого се нарекуваат и чеченските единици кои сега ги спроведуваат најбруталните акции во Украина", нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе