ВМРО-ДПМНЕ подготвува забелешки на законот за ЈО, нова средба до крајот на неделава

Стручните тимови на ВМРО-ДПМНЕ до крајот на неделава ќе подготват и ќе достават предлози и забелешки на законот за Јавно обвинителство, по што би требало да се одржи нова средба на работните групи.

Партиски извори велат дека ова било договорено на денешната средба меѓу Бојан Маричиќ од СДСМ и Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ, на која се разговарало за можните решенија за продолжување на дијалогот за законот.

Според неофицијалните информации, постапките на СЈО и продолжување со работа на обвинителите на конкретните случаи со кои се задолжени остануваат најголем проблем за опозицијата. Од друга страна, СДСМ останува цврсто на позицијата да се донесе законот и на неговото донесување работи со сите пратенички групи. 

Ов ВМРО-ДПМНЕ неофицијално велат дека за нив најспорно е „неизбалансираното законско решение со кое засега не се гарантира независно јавно обвинителство кое е подложно на политички злоупотреби”. 

 

Македонија спаѓа во групата држави во кои се преземени ригорозни ограничувања на човековите права заради справување со коронавирусот. 

повеќе

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе