ВМРО-ДПМНЕ почна со собирање потписи за поништување на Законот за попис

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска официјално почна со собирањето потписи за поништување на Законот за попис и донесување нов закон, со цел, како што велат, да се спроведе статистичка, а не политичка операција.

Во рамките на иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ, потписи се собираат низ целата држава и од партијата се задоволни од одѕивот на граѓаните.

Претседателот на партијата, Христијан Мицкоски објави на Фејсбук дека го дал неговиот потпис „против фалсификат попис“.

„Го дадов мојот потпис против фалсификат попис. Да поддржиме европски и вистински попис. Да спречиме кражба, да ја тргнеме политиката од статистиката“, напиша Мицкоски.

Според партијата, граѓаните масовно се потпишуваат и покажуваат дека се, како што велат, против импровизациите на Заев и „против насилниот попис кој тој го турка“.

„Заев е прочитан, а неговата намера да протурка фалсификат попис наиде на огромно незадоволство и негодување кај граѓаните. Народот нема да дозволи Заев преку негов грб да се пазари и да подмирува коалициони долгови. Попис може, но доколку тој биде реален, електронски, како ќе се дојде до јасна слика колку луѓе има во државата, и се друго потребно за институциите како податок“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе