Собрание

ВМРО-ДПМНЕ побара во дебатата за законот за ЈО да се вклучат експерти и меѓународната заедница

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ќе инсистираат на јавна расправа за законот за Јавното обвинителство ако биде вклучена експертската јавност и претставници на меѓународната заедница.

„ВМРО-ДПМНЕ е против носење противуставен закон и нема да дозволи закон кој треба да овозможи контролирано обвинителство со цел Заев да не одговара за сомнежите на криминал и воспоставениот хибриден режим“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска повторно ги повика сите политички субјекти, пратенички групи и независни пратенички групи да преземат одговорност во донесувањето на законот за јавно обвинителство, и како што рече, да бидат решавачки фактор кога е во прашање правната држава и европската иднина на земјава.

„Особено ја повикувам опозицата да се надмине себеси со прифаќање на законско решение за јавно обвинителство, да докаже дека е против криминалот и дека е за владеење на правото“, рече Заев и додаде дека носењето на законот за ЈО ја гарантира европската иднина на државата.

Тој нагласи дека од страна на високи претставници на ЕУ се повеќе се нагласува потребата за носење на овој закон и се поврзува со датумот за отпочнување на преговори со Унијата.

Партиските работни групи за законот за ЈО попладнево ќе одржат нова средба во Собранието, потврдија за МИА од Министерството за правда. На средбата се поканети претставници на сите пратенички групи.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе