На денешната пленарна седница

ВМРО-ДПМНЕ побара разрешување на Јанева, пратениците го одбија предлогот

Разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска на пленарна седница во Собранието побара пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски со образложение дека предлог одлуката е едногласно изгласана од сите пратеници и од сите пратенички групи на Комисијата за прашања на изборите и имнувањата што се одржа на 5 септември и поради фактот дека оваа седница е последна во законскиот рок за истекување на мандатот на обвинителката. Предлогот беше одбиен, а Мицевски побара пауза од еден час.

Предлогот за денешното разрешување на Јанева е за да се остави простор до 15 септември да се избере нов специјален обвинител, истакна Мицевски.

Претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека е точно оти Комисијата расправала по извештајот на Советот на ЈО и дека Собранието добило предлог за разрешување на специјалната јавна обвинителка.

Во сите досегашни координации и усогласувања на политичките партии, посебно четирите поголеми политички партии, се усогласивме дека за ова прашање треба да има посебна седница и во тој контекст и од таа причина не е ставена како точка на дневен ред, појасни Џафери.

Пратениците го одбија предлогот за разрешувањето на Јанева да се распарава на денешната седница, при што пратеникот Мицески уште еднаш појасни дека причината за барањето за разрешување е тоа што денешната седница е последна во законскиот рок за разрешувањето на обвинителката, а тоа е 15 септември.

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе